„Мато Наполетано“ повторно меѓу најдобрите во светот – ја има 16 најдобра пица во Европа, а 81 во светот
На 10 септември во Неапол се одржа изборот за „50 топ пица“ (50TopPizza), водич за најдобрите пицерии во светот за 2024 година.
Во театарот Меркаданте беа крунисани 100-те најдобри пицерии во светот.
Скопскиот ресторан и траторија, „Мато Наполетано“ е единствен натпреварувач од Македонија, кој неколку години по ред се наоѓа на оваа престижна листа, односно во селекцијата за европскиот континент и светот.
Кога во мај годинава беа прогласени за 16-та најдобра пицерија во Европа, како и награда за најдобра услуга за служење пиво, тимот на „Мато Наполетано“ соопшти:
2024 година започна одлично, што покрај високата 16-та позиција во конкуренција на европски пицерии, ни ја донесе и наградата Перони за ‘најдобар пиво сервис’ на годината во 2024 година и пласман на најпрестижната од сите листи – светската ’50Топ 100′