Мексико најопасна земја за новинарите
Речиси 120 новинари се убиени во Мексико од 2000 година, што ја прави најопасна земја за новинарите ширум светот, според Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ).
Осум новинари се убиени оваа година во земјата. По Мексико, најопасни земји за новинарите се Авганистан и Филипините, пренесува Анадолија.
Најмногу се на мета оние кои известуваат за корумпирани службеници и нивните врски со организираниот криминал.
Новинарката Мирослава Брич беше брутално убиена во март 2017 година во државата Чивава, во северниот дел на Мексико.
Таа известувала за членовите на локална банда и за нивните врски со политичари пред да биде застрелана осум пати во главата додека го чекала својот син да го однесе на училиште.
Оваа недела, Хуго Амед Шулц, поранешен гувернер на истата општина во која живееше Брич, беше уапсен за соработка во атентатот.
Двајцата осомничени кои се вклучени во убиството се уште се во бегство.
Претседателот Лопез Обрадор вети дека ќе го запре насилството врз новинарите од првиот ден на преземање на функцијата.
Комитетот за заштита на новинарите е непрофитна независна организација посветена на слободата на говорот и заштитата на правата на новинарите ширум светот.