Мерилин Менсон и Есме Бјанко се спогодија околу сексуалниот напад

Пејачот Мерилин Менсон постигна спогодба со глумицата Есме Бјанко, која поднесе тужба во април 2021 година, обвинувајќи го музичарот – со вистинско име Брајан Ворнер, за сексуален напад, недозволен физички сексуален контакт и трговија со луѓе.

Договорот од вчера уследи неколку недели откако судијата ја отфрли федералната тужба на манекенката Ешли Морган Смитлајн од 2021 година против Мерилин Менсон. Во тужбата, моделот тврдеше дека хеви-метал пејачот сексуално ја нападнал повеќепати во 2010 година.

– Г-ѓа Бјанко се согласи да ги реши нејзините барања против „Брајан Ворнер и Мерилин Менсон рекордс“, со цел да продолжи со својот живот и кариера, изјави нејзиниот адвокат, Џеј Д. Елвангер.

Адвокатот на Менсон, Хауард Кинг го потврди исходот од тужбата.

Не се соопштуваат други подробности околу спогодбата.

Back to top button
Close