Мијалков побара оставка од Мицкоски: Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже
Екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков преку Фејсбук статус побара оставка од Мицкоски од лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ.
„Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже.
На СДСМ му одговара прв човек на опозиција кој е навикнат на порази и одбива да се соочи со реалноста и одговорноста.
Време е за промени.
Време е за ново, сериозно раководство кое ќе ја добие поддршката од членството.
Време е за луѓе кои ќе знаат да заземат став и да го бранат со аргументи“, пишува Мијалков.