Мицкоски: Пендаровски е пиун и извршител на Заев

Мандатот за составување Влада е узурпиран и киднапиран, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако денеска претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот на Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

Мицкоски се повика на Уставот и рече дека тој е јасен „потребен е доказ дека се има мнозинтво за да се додели мандатот“.

„По кој критериум Пендаровски одлучи мандатот да го додели на партија и човек кој не достави доказ дека поседува мнозинство во парламентот. Да ве потсетам дека тој велеше дека ќе ги повика сите политички чинители на разговор кај него, разговор кој до ден-денеска не се случи. По таа логика, мандатот без доказ може да се додели во рацете ВМРО-ДПМНЕ, која освои најмногу пратеници во македонскиот блок, на ДУИ, на ДПА, на Левица, Алијанса, Алтернатива или на било која друга политичка партија која е во парламентот“,рече Мицкоски

Тој обвини дека Пендаровски учествувал во прекршувањето на Уставот како што ја злоупотребувал својата позиција за да ја продолжува вонредната состојба колку што му било потребно на Заев.

„Денес го видовме како го дава манадатот на поратеник кој нема мнозинство во парламентот. Секој граѓанин треба да знае дека од сега кога ќе се спомне криминал на СДСМ соучесник е Стево Пендаровски. Тој покажа дека е пиун и извршител на Заев“,рече Мицкоски.

Мицкоски смета дека денешното врачување на мандатот е за Заев да добие време во следните 20 дена да врши непренципиелен и нехуман притисок врз пратеници за обезбедување мнозинство.

Back to top button
Close