Милошоски: Освен македонското никогаш сум немал, ниту пак имам намера да имам било какво друго државјанство

„Освен македонското државјанство никогаш сум немал, ниту пак имам намера да имам било какво државјанство, бидејќи македонското државјанство е мојата лојалност и мојата политичка определба“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски.

Милошоски, во гостувањето „10 минути“ на „ТВ21“, откако неодамна повторно ова прашање се актуелизираше со барањето на европратеникот Ангел Џамбаски кој побара на поранешниот шеф на дипломатијата да му се одземе бугарскиот пасош.

Back to top button
Close