Министерот Спасовски на средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат

– Добрите услови за работа и подобрувањето на стандардот на полициските службеници се приоритет и во наредниот период. Ќе се преземаат соодветни мерки за тоа во соработка со Македонскиот полициски синдикат, истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната средба со делегација на МПС, предводена од претседателот Марјан Кицев.

-На средбата претседателот на МПС упати честитки до министерот Спасовски, изразувајќи надеж дека ќе продолжи одличната соработка како што беше во претходниот мандат на Спасовски како министер за внатрешни работи, кога заеднички беа носени решенија во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерот Спасовски ја потенцира важноста од добрата соработка со МПС и подготвеноста за соработка во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи, соопшти по средбата МВР.лв/вј/

Back to top button
Close