Минута молчење на стадионот во Белград во чест на загинатите во Нови Сад

Фудбалерите на Црвена звезда и Војводина го играат дерби натпреварот од 14. коло во српската Суперлига, кој беше одложен за денеска поради Денот на жалост поради големата трагедија што се случи во Нови Сад во петокот кога во пад на настрешницата загинаа 14 лица.

Откако беа одредени страните,  минутата молк беше одржана пред почетокот на натпреварот. Сите навивачи, фудбалери, судии и присутните на стадионот станаа да им оддадат почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад.

Back to top button
Close