Мишел во Бејрут: Европа ќе биде овде за да ви помогне во повторната изградба

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по пристигнувањето во Бејрут денеска порача дека Либан може да смета на солидарноста на ЕУ, не само со зборови, туку и во конкретни активности.

Мишел на Твитер објави фотографии од Бејрут, уништен од експлозијата во центарот на градот во вторникот, и рече дека е шокиран од обемот на катастрофата и импресиониран од храброста на екипите за спасување.

„Европа веќе е со вас. Ветувам дека Европа ќе биде овде за да ви помогне во повторната изградба“, напиша Мишел.

Тој исто така наведе дека изразува најдлабока почит кон спасувачките екипи на либанскиот Црвен крст.

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 154 лица, 60 се водат како исчезнати, а повеќе од 5.000 се повредени. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без сопствен дом. паг/

Back to top button
Close