Модуларната болница во Скопје почна да се полни со пациенти

Амбулантни возила со пациенти со КОВИД постојано пристигнуваат пред инфективната клиника во Скопје. Нема веќе слободни болнички кревети.

Пациентите на кои им треба хоситализација се примаат во монтажната болница. Од вчера до денеска примени се 15 пациенти, а вкупно има место за 72 пациенти.

Од инфективната клиника апелираат пациентите со КОВИД кои имаат полесни симптоми да ги следат насоките од матичните лекари. Препораката е да бидат изолирани дома и да примаат витаминска терапија, за клиниките да можат да ги примаат пациентите со потешки клинички слики на кои што ќе им биде потребно болничко лекување .

„Сега јас верувам дека со овие бројки и состојби стравот кај луѓето драматично ќе расте. Но немојте да ги пребукирате здравствените институции сите оние кои немате симптоми или имате лесни симптоми на настинка. Седете дома и контактирајте ги редовно вашите матични лекари. Мораме да пружиме прво помош на оние кои имаат сериозни тешки клиники слики.“ – вели д-р Милена Стевановиќ директорка на Клиника за инфективни болести.

повеќе

Back to top button
Close