МОН: Зголемен бројот на ученици кои следат онлајн настава

– Министерството за образование и наука соопшти дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17%, односно околу 87% од учениците успешно ја следат онлајн наставата. на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал – се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Back to top button
Close