МВР со детали за драмата во Скопје: Се степале на бензинска, бегале од полиција, па удриле во бандера
Три лица, меѓу кои и полициски службеници се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 01:15 часот по полноќ на ул.„Бутелска“ во Скопје.
„Во сообраќајната несреќа учествувале возило „дачија дастер“ сопственост на МВР, во кое биле двајца полициски службеници и патничкото моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот М.Т. и сопатник, 18-годишниот И.Х., двајцата од Скопје, кои бегале од полициската екипа по претходно нарушување на јавнот ред и мир. Во незгодата двајцата полициски службеници и И.Х. се здобиле со телесни повреди. Претходно, била добиена пријава дека околу 01:00 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(19) и И.Х.(18) двајцата од Скопје кои биле со патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, од една страна и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило„фолксваген голф,, со скопски регистарски ознаки, од друга страна, по што сите учесници го напуштиле местото на настанот. Подоцна од полициски службеници било запрено возилото „фолксваген голф“ и приведени се М.Ф., М.О. и А.И. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР