МВР со кривична за фирма од Старо Нагоричане, одгледувала канабис спротивно на правилата за медицинска употреба


Полицијата открила фабрика за канабис во Старо Нагоричане која не ги исполнувала пропишаните услови за одгледување на канабисот за медицински цели. При претресот на објектот биле пронајдени повеќе неевидентирани семиња и стебла кои се одгледувале спротивно на добиената дозвола. Акцијата како што информира МВР е на Бирото за јавна безбедност и СВР Куманово, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели.

„При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис“ соопшти МВР.
Од МВР додаваат дека пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги

Back to top button
Close