На автопат во Хрватска се преврте камион со македонски регистарски таблички, повреден е возачот

На автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац денеска околу 17 часот се преврте камион со македонски регистарски таблички, а во несреќата повреден е возачот, пишуваат хрватските медиуми.

Камионот имал платформа за транспорт на возила, а при несреќата испаднале неколку од автомобилите.

Автопатот бил блокиран, а сообраќајот бил пренасочуван по околните патни правци.

 

Back to top button
Close