Најмалку 13 убиени во напад во близина на болницата Ал-Шифа
Најмалку 13 Палестинци се убиени во сомнителен израелски напад во градот Газа, во близина на болницата Ал-Шифа, пренесоа медицински извори, јавува ДПА.
Очевидци, исто така, пријавиле и израелски напад со беспилотно летало во близина на болницата, во кој загинаа жени и деца.
Портпаролката на израелската армија изјави дека извештаите се истражуваат.
Жителите изјавија дека биле погодени и членови на семејство кое бегало од југ на енклавата. Овие тврдења не можеа да бидат независно потврдени, пренесува ДПА.
Палестинската новинска агенција WAFA претходно објави дека денеска биле убиени најмалку 45 лица во одделни напади низ Појасот Газа, вклучувајќи 32 во градот Газа. Агенцијата наведе дека меѓу жртвите има и бремена жена.
Израел вчераутро започна копнена офанзива во градот Газа. Според израелската Влада, цел на копнената офанзива е да се расформира исламистичката организација Хамас и да се обезбеди ослободување на преостанатите израелски заложници, потсетува германската агенција.