Над 300 лица повеќе ќе добијат субвенции на плати, две мерки за зголемување на вработеноста
Согласно Информацијата, на предлог на Агенцијата за вработување Опфатот за субвенционирање плати, наместо за планираните 1 624 лица се зголемува на 1 974 лица, односно наместо 361 288 000 денари за оваа мерка, ќе се издвојат 441 088 000 денари, одлучи Владата на денешната седница.
Дополнителните средства ќе бидат обезбедени од нереализираните средства од останатите мерки кои беа донесени за намалување на невработеноста.
Исто така, Министерството за труд и социјална политика, преку ИПА Акциската програма за 2020 година, предложи две активни мерки, за самовработување (претприемништво) и формализација на постојни бизниси во услови на ковид-19, со која се овозможува отворање вкупно 700 самовработувања, како и поддршка на микро, мали и средни претпријатија погодени со ковид-19 и финансиска поддршка за секое новоотворено работно место.