Напаѓачот од Грац верувал дека е жртва на малтретирање од врсници, сам си пресудил во тоалетот од училиштето
Наставничка во училиштето БОРГ во Грац во кое 22-годишник изврши масакр се забарикадирала во училница и ги смирувала децата додека да дојде полицијата, гласи едно од сведоштвата кои ги објави „5 минути Грац“.
– Таа ми кажа дека слушнале повеќекратни рафали. Не знаеле дали некој ќе влезе во училницата. Децата плачеле, а таа ги смирувала. Преживеале само благодарение на брзата реакција – изјавил сопругот на наставничката за австриски Кроне.
Некои од децата не се јавувале на мобилните телефони на кои ги барале родителите.
„Во салата ASKÖ во населбата Егенберг беше формиран кризен центар, каде што беа донесени родители и преживеани ученици. Сцените беа тажни, родители во солзи, многумина во очај затоа што не можеа да стапат во контакт со своите деца. Тимовите за психолошка поддршка пружија поддршка на лице место, додека амбулантните возила доаѓаа и си одеа“, пишуваат австриските медиуми.
Напаѓачот, 22-годишен поранешен ученик, според достапните информации, верувал дека е жртва на малтретирање од врсници. Откако отворил оган во две училници, се повлекол во тоалет каде, според полициски извори, извршил самоубиство.
Полицијата ги замоли граѓаните да не објавуваат слики и видеа од местото на злосторството за да не се попречи истрагата и дополнително да не се трауматизираат семејствата на жртвите.
Извор: Фокус