Неделен извештај на ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Секторот за санитарна контрола во период од 31 август до 4 септември зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје.
Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.