Никола Бојковски од Куманово го извади Светиот крст во базенот на храмот Свети Никола

Дваесет и деветгодишниот Никола Бојковски од Куманово го извади Светиот крст од базенот во дворот на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.

– Очекувам благосостојба, среќа и здравје за сите, изјави Бојковски, кој неколку пати низ годините се обидувал, а сега првпат го фаќа крстот. Тој  моментално е невработен и наскоро планира отворање сопствен бизнис.

Од свештенството доби икона, крст, накит од кумановска златара и други пригодни подароци од спонзори и општината.

Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.

Back to top button
Close