Никола Станишиќ: Имаме добри вокали,но немаме медиумска поддршка


Младиот пејач Никола Станишиќ (23) деновиве го снима неговиот видеозапис првенче за песната “Единствена“. Никола беше дел од популарните српски Тв шоуа “ Пинкови ѕвезди“ и “ Ѕвездите на гранд“.

Вели дека таму добро поминал .

“Во овие Тв шоуа барем како пејач ја победив тремата, добив голема самодоверба, што е многу битно за еден естраден уметник. Србија е голем пазар, за разлика од Македонија,таму е голема конкуренцијата и се е тоа ок. Македонските пејачи како да се во сенка, зошто ние овде немаме медиумско внимание. А како почетници зависиме од тоа.Колку и да имаш добар вокал,ако немаш машинерија која ќе те подгурне,џабе ти е се. Естрадните новинари се нашата голема подршка, и публиката секако“ вели Никола.

Тој веќе има “тезги“ низ целата држава. Пее на приватни забави, клубови и дискотеки.

-Пеам буквално се, или пак тоа што публиката го бара. Се живее од музиката, не можам да се пожалам. Посебно кога свириме во дијаспората. Ја сакам музиката и живеам за неа. Секој од нас што почнува кариера, се надева дека еден ден ќе биде на врвот.Таков е и мојот план,да успеам“, додава Станишиќ.

Фото: Давид Ганевиќ

локација: Скопје

Back to top button
Close