Николовски: Димова смета дека не треба да поднесе оставка, јас имам друго мислење

Во „Клик Плус“ вечерва на ТВ21, Љупчо Николовски го искажа своето мислење околу последните случувања со Националната агенција, и директорката Лидија Димова околу европските пари.

„Станува збор за европски пари, и ние сме во процес на почеток на преговори со ЕУ, ги отвораме поглавјата, и не чекаат огромни предизвици. И без оглед за чии пари станува збор, законот мора да важи за сите. Нема недопирливи, и не треба да има. Димова е на став дека не треба да поднесе оставка, и тоа прв пат ќе го кажам дека јас имам друго мислење. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и паралелно, целосно расчистување на случајот и утврдување на вистината“, рече Николовски.

 

Back to top button
Close