Ноември ќе донесе студено време и услови за првиот снег
Прилично брзо ќе дојдат значително пониски температури иако ноември нема да биде многу врнежлив месец.
Неделата што е пред нас ќе имаме релативно високи температури и многу сончеви периоди. Како што ќе се доближува викендот температурите постепено ќе паѓаат. Оваа недела ќе имаме утрински околу нула и дневни температури меѓу 14 и 18 степени.
Нешто повисоки утрински температури ќе имаме во втората седмица од ноември но и тие нема да надминуваат 5 степени.
Се очекува релативно стабилно време, без врнежи и дневни температури меѓу 10 и 14 степени.
На крајот на неделата се најавуваат услови за дожд и значително намалување на температурите во третата недела.
Во неа веќе нема да има максимални двоцифрени температури а ретко ќе одиме и над 7 степени. Утринските ќе се спуштат на неколку степени под нулата со релативно облачно време и без многу сонце.
Слично време се очекува и во последната недела од ноември. Облачно со утрински околу 0 и дневни температури под 10 степени. На крајот од месецот, се најавуваат и услови за врнежи од снег кои на повисоките места би можеле да формираат и снежна покривка.