Нов пожар во бегалскиот камп Мориа на Лезбос
Од засега непознати причини, во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, вечерва изби нов пожар, во два различни делови кои не претрпеа штети во синоќешниот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.
Бегалците и мигранти, чии шатори вчера не беа зафатени од пожарот и останаа во делот околу изгорениот прифатен центар, сега го напуштаат просторот за да се спасат од огнените јазици.
Меѓу оние кои заминуваат од Мориа се и голем број семејства со мали деца.