Новиот пожар во Бејрут е ставен под контрола

– Пожарот што вчера избувна во пристаништето во Бејрут денеска е ставен под контрола, а во него, за среќа, нема повредени.

Пожарот се појави пет недели по катастрофалната експлозија во магацин со амониум нитрат, во кој животот го загубија 192 лица.

Ова е втор пожар неделава во пристаништето Бејрут, поради што властите наредија отстранување на сите опасни материјали од либанските пристаништа и од тамошниот аеродром, со цел во иднина да се избегнат инциденти од ваков вид.

Засега не се познати причините за новиот пожар, поради кој Бејрут беше покриен со темен чад и отровни испарувања, а американските меидуми наведуваат дека либанската воена полиција веќе почна отвори истрага за случајот. сд/

Back to top button
Close