Новиот премиер на Црна Гора ќе го чуваат 11 припадници на Интервентната полициска единица
Новиот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ќе го чуваат 11 припадници на Интервентната полициска единица од Бар и Подгорица, јавија црногорски медиуми.
Претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ, исто така има двоцифрен број лица за обезбедување, јави порталот ЦдМ, но не прецизира колку.
Вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ ќе бидат чувани од по пет припадници, а министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ од тројца припадници на посебната единица.
Вијести синоќа објавија дека Кривокапиќ од понедленик ќе има лично обезбедување.
Кривокапиќ сметал дека не му е потребна заштита, но му е дадена поради важноста на неговата функција, наведува медиумот.