Од каде и се на ВМРО-ДПМНЕ информациите за наводната киселина за хероин?

Од каде потекнуваат информациите дека е можно во автобусот да се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин?

ВМРО-ДПМНЕ утринава испрати соопштение во кое прашува дали автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани изгорел толку бргу бидеќи превезувал киселини кои се користат за производство на хероин.

Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи станува збор за сериозни обвинувања, на кои партијата им дава публицитет во јавноста, но истовремено се оградува од нив со тоа што ги презентира во прашална форма, „Фокус“ испрати прашања до ВМРО-ДПМНЕ од каде потекнуваат информациите дека е можно во автобусот да се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин.

Целиот случај е веќе компромитиран поради тоа што власта не дава одговори на прашањата кои се појавија во јавноста, дополнително што бугарските медиуми ја објавија и веста дека се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин за што власта е должна да даде конкретни одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето за киселината за продизводство на хероин прво излезе во еден бугарски весник, па ВМРО-ДПМНЕ оттаму го преземале. Немаат други информации кои стигнале до нив во оваа насока.

Досега нема објавено  вакви инцидии кои произлегуваат од истрагата која ја водат бугарските истражни органи.

Целиот текст на Фокус.мк

 

Back to top button
Close