Од што починал Марадона? Објавени резултатите од обдукцијата
Лекарска негрижа најверојатно е причината за смртта на славниот аргентински фудбалер Диего Марадона, покажуваат резултатите од обдукцијата објавени на тамошната национална телевизија.
Како што наведува тамошната национална телевизија, главните податоци од извештајот се дека во неговата крв не биле пронајдени траги од дрога и алкохол, но има и еден по малку застрашувачки податок.
Имено, тие тврдат дека Диего не починал брзо, туку дека преживувал агонија во креветот, која што според нивното мислење можеби траела од шест до осум часа.
Адвокатскиот тим кој што го предводи Матијас Морла веќе потврди дека до смртта дошло поради невнимателност на докторот, а доколку тие наоди се потврдат, докторот Лук и медицинските лица кои што се грижеле за Марадона тешко дека ќе се извлечат од ситуацијата.