Одложен почетокот на продолжението на 19. и 20. пленарна седница

Претседателот на Собранието Талат Џафери за еден час го одложи почетокот на продолжението на 19. седница на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Мицевски рече дека дел од пратениците од неговата партија сакале да се обратат на седницата на Комисијата за надворешна политика, која е во тек.

Џафери рече дека е неспорно оти пауза ќе биде дадена, но дека на координација бил договорен друг редослед на одржување на пленарните седници и комисиите.

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ги продолжи 19. и 20. пленарни седници.

На дневен ред на 19. седница се измени и дополнувања на Законот за инспекцијата на труд, измените на Законот за инвалидски организации и двата по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од опозициските пратеници Сурија Рашиди и Никола Мицевски.

Заостанати точки на дневен ред на 20. седница се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, како и Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Back to top button
Close