Одложен состанокот на косовскиот премиер Хоти со коалиционите партнери
Состанокот на косовскиот премиер Авддулах Хоти со челниците на партиите на косовските Албанци кои се дел од владејачката коалиција, што требаше да се одржи денеска, е одложен и најверојатно ќе се одржи в понеделник, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста во изјава за порталот „Коха.нет“ ја потврди портпаролот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Љуљзим Бљакај, кој вчера информира дека лидерот на неговата партија, Рамуш Харадинај ќе учествува на состанокот.
Според информациите на порталот, состанокот е одложен поради тоа што дел од претставниците на коалиционите партнери се наоѓаат надвор од земјата.
Покрај Харадинај учеството на средбата во кабинетот на Хоти вчера го поврдија и лидерите на другите две партии од владејачката коалиција, Иса Мустафа од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Фатмир Лимај од Социјалдемократската иницијатива (Нисма), меѓутоа никој не даде информација за темите на разговорите.
Според приштинските медиуми, на состанокот ќе се разгледаат резултатите од досегашното владеење на коалицијата, која ја презеде власта на почетокот на јуни годинава, како и односите меѓу партнерите во владата.иа/сд/