Официјално претставени француските воздушни и вселенски сили

Флоранс Парли, министерката за вооружените сили на Франција денес го претстави новиот амблем на француското воено воздухопловство и за вселената во воздухопловната база Вилакубле, јави дописникот на МИА.

Воздухопловните сили, преименувани во „Воздухопловна и вселенска армија“, го претставија своето ново лого, симболичен чекор во постепеното распоредување на француската воена вселенска стратегија, во контекст на зголемената глобална конкуренција.

-Ваша задача е да го поддржите подемот на Франција во оваа нова димензија, во ова ново конфликтно поле, тоа е вселената, подвлече министерот за вооружени сили Флоранс Парли на воздухопловната база Вилакубле, близу Париз, при презентацијата на новиот амблем на авијатичарите: сè уште стилизиран јастреб, но кој сега прелетува преку кривата што ја евоцира копнената сфера.

-Задачата што ни е доверена нè обврзува: станува збор за гарантирање на слободата на пристап и дејствување во вселената, со подобро познавање на она што се случува таму и капацитет да одговориме на заканите што се појавуваат, изјави началникот на Генералштабот на военото воздухопловство, генералот Филип Лавињ.

Во 2019 година, Париз воспостави нова вселенска команда, одговорна за зајакнување на француските можности за вселенски надзор и инвестирање во офанзивни способности за да може да одговори во случај на закана. Неопходна реакција, во време кога вселената е „област каде што има се повеќе и повеќе актери, државни и приватни, како и зголемени закани“, објаснува шефот на Вселенската команда, Генералот Мишел Фридлинг.

-За десет години, пејзажот на вселената целосно се промени. Вкупниот износ на трошоците е двојно зголемен, од 36 на над 80 милијарди долари, а воените инвестиции отидоа од 17 на 30 милијарди во вселената, инсистира тој, потсетувајќи дека „бројот на земји кои лансираат сателити се зголеми од 30 на повеќе од 70 “. Покрај тоа, тој тврди, дека „денес гледаме предмети кои веќе не се предвидуваат, но кои сега се мобилни во вселената, кои ја менуваат орбиталната рамнина, височината и кои ги наоѓате на места каде што не ги очекувате претходно и кои се приближуваат до другите сателити на неколку десетици метри.

-Нашата стратегија е логика на обесхрабрување: станува збор дека ние остваруваме право на самоодбрана“, користејќи техники на пречки, па дури и „моќни ласери за неутрализирање или заслепување на непријателски сателит“, даде неколку детали генералот Фридлинг. Но, со почитување на „црвената линија: да не се создаваат долготрајни остатоци од сателити“.

Вкупно, Париз има намера да инвестира 4,3 милијарди евра во вселенската одбрана до 2025 година, кои и 3,6 милијарди евра за целосно обновување на капацитетите на француските сателити.

Back to top button
Close