Околу 2.700 студенти ќе добијат двојно поголеми стипендии

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на износот, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).

Од МОН велат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.

Студентите-корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

Back to top button
Close