ОКТА: Се истражува од што се запали маркетот на бензинската во Гевгелија

Денеска се запали маркет во склоп на бензинската пумпа „Окта“ во Гевгелија. Оттаму велат дека пожарот е изгаснат, а во тек е истрагата.

„Денеска околу 14 часот, од засега неутврдени причини кои во моментов се истражуваат, дошло до опожарување во просториите на маркетот во состав на бензинска станица ОКТА која е во сопственост на наш партнер, лоцирана во Гевгелија. Со ефикасната интервенција на локалната противпожарна екипа, пожарот е веднаш изгаснат, со што е спречено негово проширување“, велат оттаму.

Како што дополнуваат, додека се чека официјалниот извештај од надлежните органи, увидот на лице место укажува на тоа дека безбедноста на бензинската станица, на вработените во објектот и на потрошувачите, не е нарушена од овој инцидент

Back to top button
Close