ОН: Белорусија да ги ослободи незаконски притворените демонстранти

 

Високата претставничка на ООН за човекови права, Мишел Башале денеска ги повика белоруските власти да ги ослободат сите лица кои биле незаконски уапсени на протестите по претседателските избори одржани на 9 август.

Таа повика на истрага на околу 2.000 жалби за тортура или малтретирање во единиците за притвор

-Повеќе од 900 лица, вклучително и опозициски кандидати, адвокати, новинари и активисти, се соочуваат со кривични обвиненија за учество во масовни протести – рече Башале пред Советот за човекови права во Женева.

Back to top button
Close