Општински штаб: Наскоро модуларна болница и во Дебар
На денешната седница на општинскиот оперативен штаб во Дебар се превземени сите активности за изградба на модуларна болница во Дебар . Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука информираше дека на седницата на штабот е е одлучено да се превземаат подинамични активности од страна на локалната самоуправа во соработка со Центарот за управување со кризи, општата болница во Дебар за изградба на Модуларна болница која е предвидена и од страна на владата . Изградбата на модуларна болница во Дебар е потреба на времето бидејки епидемиолоштата состојба е влошена со Ковид 19 .
На седницата на штабот како што соопшти градоначалникот Дука, кој воедно е и раководител на штабот информираше дека моментално во општина Дебар позитивни на Ковид 19 се 6о дебарчани од кои десет се на амбулатен третма, 6 се во Ковид Центарот додека друите добиваат соодветна терапија во нивните домови . Исто така штабоѕт информираше дека веке е објавен тендер за набавка на инсталационен ситсем за кислород за потребите на центарот за Ковид 19 во Дебар , за што донација од 8оо илјади денари даде фабриката ,,Кнауф,,. Исто така е соопштено дека дебарски иселеници постојано донираат средства за набавка на кислород за центарот во Дебар .
Градоначалникот на Дебар хекуран Дука апелираше до гражаните но и до печалбарите кои се дојдени од земјите на ЕУ да ги поминат новогодишните празници претежно од Италија, Шбајцарија и германија целосно да ги почиртуваат мерките за заштита од Ковид 19, со цел да не се влошува и понатаму епидемиолошката состојба со вирусот Ковод 19.
К. Мимидиноски