Ѓорѓиевски до Левица: Вие сте најголемо бандитско здружување во Градот Скопје

На денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски жестоко им се обрати на советниците од Левица, обвинувајќи дека политичката партија Левица е најголемо бандитско здружување во Скопје.

-Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години. За разлика од вас, за разлика од Стојче ваш и од цела ваша група, нема да ви поминат овие инсинуации. И ако мислите дека некој ќе ве толерира да кажувате приказни, да ја замајувате јавноста на погрешна адреса сте, само тоа ќе ви го кажам. На погрешна адреса сте. И за се, ќе ви биде одговорено соодветно. Вие сте научени некој да ви ќути. Вие сте најголемо бандитско здружување во градот Скопје. Само тоа ќе ви кажам. А еве и КИЦ, и ЈСП со докази говорат за тоа. Така што за Левица немам повеќе ниту што да одговорам, ниту што да опонирам, изјави Ѓорѓиевски

Back to top button
Close