Оскаровката Хилари Свонк ќе стане мајка на 48 години, објави дека чека близнаци

Двократната оскаровка Хилари Свонк објави дека ќе стане мајка на 48 години. Таа откри дека чека близнаци со својот сопруг Филип Шнајдер.

„Ова е нешто што сум го посакувала долго време. Ќе бидам мајка! Не на едно, туку на две деца! Ова е чудо“, кажа Свонк при гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“, додавајќи дека е во второто тримесечје од бременоста.

Свонк, која моментално ја снима серијата „Alaska Daily“, и Шнајдер се во брак од 2018.

„Ќе биде интересно да се види како ќе ми се менува телото. Многу е убаво што можам да зборувам за ова“, кажа Свонк.

Back to top button
Close