Османи дел од состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО во Рига

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре учествува на редовниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи во Рига Латвија.

-Важни прашања на денешната агенда, меѓу кои и актуелните безбедносни предизвици, се и руското воено групирање околу границата со Украина, како и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија, вели Османи во видеообраќање.

-Уверен сум дека ќе пратиме силна порака на единство и непоколеблива намера да ги заштитиме сојузниците и пријателите, со цел да се обезбеди мир и стабилност.

Османи информираше дека ќе се дискутира и за Западниот Балкан и геостратешките интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и евро-атлантската перспектива. 

Back to top button
Close