Османи за Божиновска: Не коментирам за луѓе кои не се членови на Советот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одбива да даде одговор за тоа каков придонес би дала Валентина Божиновска за Стратешкиот совет за надворешна политика.
„Ја споменувате г-ѓа Божиновска. Таа не е дел од Советот. Од многу причини не е дел од советот. Ќе зборувам само за оние кои се дел од Советот, иако списокот не е конечен “, рече Османи синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.
Поранешната функционерка на претходната власт првично беше именувана за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи.
Изборот на актерката како одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи предизвика негативни реакции во јавнсота, откако во фамозната ноќ на протестот пред Државната изборна комисија во 2016 ја употреби фразата „вечер на ножевите“.
Божиновска истиот ден изјави дека нема да може да биде дел од Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради здравствени причини.
Тој изјави дека во моментов е доволно техничката влада во Бугарија да не каже не.
„На техничката влада не и треба парламент. Доволно е претставникот на Бугарија да не каже не“, рече Османи.
Министерот додаде дека на соседот потребни му се дополнителни гаранции „дека нема да бегаме од договорот“.
– Португалскиот предлог предвидува гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се имплементира, рече меѓуостанатотот тој.
Според Османи, забелешките на Бугарија се дека Северна Македонија по членството во НАТО добила некаква самодоверба и се повлекла од обврските кои ги има согласно Договорот, но анализата на МНР покажала дека на тоа единствено влијаеле Ковид-19 и изборите.