Осумдесетгодишен Македонец починал на плажа во Грција
Македонскиот државјанин починал на плажата Каријанис во близина на градот Кавала
Во текот на вчерашниот ден, на плажата Каријанис во близина на градот Кавала во Грција починал 80-годишен македонски државјанин, пренесе дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации, Македонецот загубил свест додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, но и покрај укажаната помош била констатирана смрт.
Случајот го потврди и Крајбрежната служба на Грција од каде соопштија дека 80-годишниот македонски државјанин со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала каде што била констатирана смртта.
Пред неполн месец, деветнаесетгодишен македонски државјанин го загуби животот на плажа во близина на Халкидики во соседна Грција