Јовев добил понуда за работа во две клиники надвор од државата

Докторот Сашко Јовев, кој пред неколку денови беше разрешен од позицијата директор на државната Кардиохирургија во гостување во Сител телевизија откри дека понуда за работа од приватни клиники во Македонија не добил, меѓутоа добил од две клиники во странски држави каде тој има добри пријатели.

Д-р Јовев открива дека Кардиохирургија е десеткувана, во моментов недостасуваат 25 мдицински сестри, имаат само неколку болничари и мала администрација од 8 луѓе, а имаат потреба од 20 вработени. Јовев открива дека клиниката не може да вработува луѓе и затоа се користи можноста за ангажирање преку договор за дело.

Back to top button
Close