Панел дискусија на ЦИВИЛ „Млади, перспективи…“
Млади, перспективи…“ е насловена панел дискусијата што денеска ќе се одржи во организација на ЦИВИЛ.
Како што е најавено, говорници на панелот ќе бидат Стефани Спировска од МОФ, Борјан Ефтимов, претседател на УСС, Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ и Ангела Петровска, новинарка и дел од екипата на ЦИВИЛ Медиа. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум.