Партиите година и пол се „дриблаа“ со Законот против коцкање, решение нема

Движењето против коцкање бара целосно затворање на игрите на среќа и подготвување на нов закон

„Ситуацијата е хаотична и излезе од контрола, затоа очекуваме да го реализираат со закон она што тие самите го кажаа, сега да го реализираат со закон. Иако претходниот состав на Парламентот ветуваше постигнување договор со коалицијата на СДСМ, на три километри оддалеченост од населените места, тоа беше услов и од нас и од владејачките партии, доколку не помине законот, по распуштањето на Собранието, ние како Движење против коцкање бараме целосно затворање. Потоа нека донесат закон со кој локалите кои ги исполнуваат условите да можат да отворат игри на среќа.“

Под целосното затворање и повторно отворање на игрите на среќа само за бизнисите кои ги исполнуваат условите, пред сè се мисли на хотелите со 5 ѕвезди кои би имале право за ваква дејност.

Иницијативата за затворање на игрите на среќа кружеше по лавиринтите на Собранието повеќе од година и пол. Иницијативата беше на ДУИ, но не успеа да ја обезбеди поддршката од другите партии, иако скоро сите лидери ветија дека ќе ги поддржат промените. Иницијативата предвидуваше дислокација на игрите на среќа до три километри од населените места. Од ДУИ сега не одговараат дали повторно ќе го иницираат истото или ќе го поддржат Движењето против коцкање за целосно затворање на казината.

Back to top button
Close