Партиско-политичка злоупотреба на градоначалникот пред избори, реагира адвокатот на разрешената директорка од Демир Хисар

Адвокатот на разрешената директорка на училиште во Демир Хисар, Маја Лозановска, која полициски началник сакаше на носила да ја води во полициска станица на информативен разговор, реагира на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот и за утре најави докази дека се работи за „чиста партиско-политичка злоупотреба од страна на градоначалникот на Демир Хисар во пресрет на локалните избори“.

„На денешната изјава на Премиерот Христијан Мицкоски в.в со работењето на Директорката на СОУ “Крсте Петков Мисирков” Демир Хисар и наводните причини за нејзино разрешување, со оглед дека изјави дека будно ги следел случувањата, го повикувам утре на ден 12.08.2025 година, будно да ги следи медиумите со цел да се увери во небулозите кои очигледно му ги серевира локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар под палката на Градоначалникот на Општина Демир Хисар. Со оглед на брзата реакција на МВР в.в со постапувањето на сега разрешениот началник на ОВР Демир Хисар, сакам да верувам дека откако премиерот ќе ги види и чуе аргументираните докази кои потврдуваат чисто партиско-политичка злоупотреба од страна на градоначалникот во пресрет на локалните избори, исто како и МВР ќе ги санкционира постапките на своите партиски претставници во Демир Хисар“, напиша адвокатот Жарко Стеваноски на „Фејсбук“.

Премиерот Мицкоски денеска објави дека началникот кој постапил надвор од овластувањата за време на претресот во петокот, е суспендиран односно сменет. Но, Мицкоски рече и дека „треба да се констатира и да се преземат и мерки за директорката“, за која од страна на Државниот просветен инспекторат се констатирани големи неправилности, поради кои е и разрешена. „Некој треба да даде одговор во јавноста за исчезнувањето на печатите и документи од училиштето“, рече Мицкоски.

Back to top button
Close