Пензионерите од Тетовско пак ги блокираа влезот и излезот на градот, бараат линеарно покачување од 5000 денари

Група пензионери од Тетово денеска повторно го блокираа сообраќајот на влезот на градот и маршираа за подостоинствен живот.

Пензионерите уште еднаш потенцираа дека нема да се откажат од нивните барања за линерано покачување од 5 000 денари и минимална пензија од 20 000 денари. Најавија заеднички протест во Скопје на 7 ноември.

„Во продавница кога влегуваме не нè прашуваат од која партија сме. Нас не нè интересира партија. Која било партија да е на власт треба да го реши проблемот со пензионерите. Меѓу пензионерите можеби од сите партии може има луѓе, јас не можам да ги прашувам, тоа е нивно право. Но има од сите националности. Најниска пензија е 10 илјади денари со редовен работен однос, тоа е жалосно. Сопругот мој е исто така деет години работел, а не му плаќале стаж и има 13 илјади пензија. Уште толку има што не можат да излезат некои се болни, деца чуваат, но сите даваат поддршка“ – изјави денеска Летка Мишовска, од Тетовскиот иницијативен одбор.

Поддршка на тетовските пензионери им даде и претседателот на иницијативниот одбор на „Пензионери за достоен живот“

„Дојдов во Тетово на протестот и на блокадите на улиците за да им дадам поддршка на тетовските пензионери и да покажеме дека нема да отстапиме од нашите барања. Кај протестите во Тетово е добро и е карактеристично тоа што протестираат пензионери од сите националности и ова е доказ дека овде нема никаква политика. Нашите барање се пензионерите да имаат подостоинствен живот каков што заслужуваат. Министерката Јованка Тренчевска нема слух за нашите барања и таа работна група сè уште не е излезена да каже какви пакет мерки ќе се преземат. Ние баравме да бидеме вклучени со два челна од нашиот Иницијативен одбор во работата на работната група, но тоа не ни го дозволија и се сè работи зад затворени врати“, изјави Драган Угриновски.

Back to top button
Close