ПИСА И ПИРЛС тестирањата во април-мај 2021, во моментов се држат обуки за наставниците

 

Во април-мај наредната година ќе се одржи ПИРЛС тестирањето за учениците од четврто одделение. Ќе бидат опфатени 150 основни улилишта од нашата држава, ќе бидат вклучени околу четири илјади ученици, а моментално се бираат учениците кои ќе бидат вклучени. Тестирањето е од типот молив-хартија и ќе биде на македонски и на албански јазик. Во истиот период ќе биде и ПИСА тестирањето, што ќе биде пробно, првпат ќе се реализира електронски, а приемерокот е околу 50 средни училишта и околу три илјади ученици на 15-годишна возраст.

Ова денеска го соопшти националната координаторка за меѓународните тестирања Бети Ламева на прес-конференција заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска во Владата.

– Цел на ПИСА не е да се рангираме, туку да видиме со кои процедури кај нас, дали првпат електронски, на кој начин ќе се спроведува и сите работи кои ќе ги заклучиме да може во главното тестирање да се подобрат. Секаде во свет сега е пилот тестирање. За ПИРЛС ќе имаме рангирање врз база на постигањата на учениците на таа возраст што ќе ги освојат и сите оние фактори кои влијаат врз нивните постигања, а после тестирањето ќе направиме и длабински анализи да видиме што на таа возраст можеме да подобриме и што влијае на таа возраст, рече Ламева.

Додаде дека изминатиот период работеле малку повеќе за да се подготват за овие тестирања, направиле збирки задачи и за ПИРЛС и за ПИСА, а одржале и вебинар со наставниците. Моментално, како што информира, се држат обуки со наставниците во четврто одделение за ПИРЛС и во прва средно за ПИСА.

Министерката Царовска посочи дека меѓународните тестирања се значајни за позиционирање на нашата држава во светот, на кое ниво е нашиот образовен систем, но исто така кажува за знаењата и капацитетите на нашите ученици.

– Нашите ученици досега, најголем процент од нив го репродуцираат своето знаење или тие се обучени за тоа, наспроти она што е светски тренд, а тоа е дека тие треба да се оспособат да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето или надвор од него. Токму за таков тип на образование ќе се стремиме во наредниот период. Сето ова подобрување и анализи бараат тимска работа, токму затоа во перидот кој следи, но и во моментов се случуваат подготовки за наредната година во која имаме пробно тестирање на ПИСА и исто така имаме ПИРЛС тестирање. И наставниците треба да се мотивирани и учениците, но и родителите, рече Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска посочи дека реализатор на сите меѓународни тестирања во нашата земја е ДИЦ која е задолжена за мерење на квалитетот на образовниот систем, односно за спроведување на екстерна евалуација на постигнувањата на учениците.

Според анализата од постигнувањата на учениците во ПИСА 2018 година во 2015 година се бележи тренд на опаѓање, но во 2018 година драстично зголемување во однос на минатата година и сме една од државите со најголем пораст во сите категории кои ги мери ПИСА тестирањето – читање со тестирање, математичка писменост и писменост во природните науки, кои треба да бидат применети во секојдневниот живот.

Заклучоците се дека раниот детски развој и посетата на предучилишно образование влијае позитивно во постигнувањето на учениците, како и обезбедувањето на воннаставни активности. Поддршката што ја даваат родителите во процесот на образование е посебно важна. Важно е да ги мотивираат, да даваат поддршка, да ги поттикнуваат децата да ги совладаат содржините што се учат во училиште и на тој начин ќе постигнат подобри резултати.

 

Back to top button
Close