По две години повторно се отвораат казината во центарот на Тирана
– Албанската Влада одлучи повторно да ги врати игрите на среќа во Тирана, што ги затвори пред две години, кога одлучи истите да ги трансферира на нејзината перифирија.
Во Службен весник е објавена одлуката со која се овозможува отворање на казината во Тирана, дури и во нејзиниот строг центар.
Во 2018 година Рама изјави дека игрите на среќа ќе може да работат само на периферијата на главниот град и во хотелите со пет ѕвезди, но сега ќе им биде дозволено на повеќе главни улици во Тирана, кои се наведени во одлуката, потпишана од вице премиерот Ерион Браче.
Одлуката е донесена по предлог на министертвото за финансии и економија.
Најавувајќи ја одлуката, во октомври 2018 година, премирот Еди Рама рече дека со „новата година ќе умрат казината, обложувалниците, како и онлајн обложувањата“ ,по што беше донесена одлука која стапи во сила од први јануари 2019 година.
Коментирајќи ја одлуката за повторно отворање на казината владеачкото мнозинство ја оценува како исправна бидејќи ја помага економијата и туризмот, додека за опозицијата тоа е одлука која Рама ја носи за изборна цел, пред парламентарните избори закажани за 25 април следната година.вт/сд/