По позитивниот тест на покојниот Амди, епидемиолозите утре ке тестираат а погребот ќе се одржи според протоколот

 

По позитивниот резултат на починатиот,  Амди Бајрам,  епидемилозите од утре ке почнат со анкети на луѓето кои контактирале со Бајрам но и оние што пред две недели беа на свадба на внуката на Бајрам на брод на Босфор во Истамбул.

Епидемиолозите утре ќе работат на епидемиолошките анкети, и во зависност од ризикот на зараза ќе определат кој да се тестира, а кој да биде во самозиолација“, ни рече д-р Стојанов. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, д-р Ирина Сотирова-Бухова вели дека погребите се надлежност на Министерството за транспорт и врски, а за погреб на лице починато од ковид-19 е задолжена установата каде починало лицето, и дека за тоа има посебен протокол со одлука на Владата. Редакцијата САКАМДАКАЖАМ попладнево го праша Министерството за здравство дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест со оглед дека на 17 октомври во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија. „Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во однос на одговор за ова прашање, ве молиме обратете се до фамилијата на поранешниот пратеник Амди Бајрам“, одговори Министерството за здравство. Лидерот на Сојузот на Ромите Бајрам, кој почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Тој веќе починат бил донесен во една приватна болница во Скопје.

 

Back to top button
Close