Почесна артилериска стрелба по повод јубилејот 30 години од формирањето на Армијата


По повод свеченоодбележување на Денот на Армијата и 30 годишниот јубилеј, во касарната ,,Илинден” во Скопје, денеска, со почеток во 10.00 часот,  ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на три плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот на Армијата

Back to top button
Close