Почина „заспаниот принц“ – беше во кома 20 години
Принцот Ал Валид бин Халед бин Талал, познат на милиони како „Заспаниот принц“ на Саудиска Арабија, почина по 20 години во кома, објави неговото семејство во саботата, објави The National. Принцот, внук на саудискиот милијардер и инвеститор, принцот Алвалид бин Талал, беше во кома од 2005 година, кога беше примен во болница по сообраќајна несреќа.
Во соопштението од семејството на платформата X се изразува „длабока тага и жал“ поради смртта на принцот. Во него се вели дека погребот ќе се одржи во Ријад во недела. Со текот на годините, тој стана симбол на надеж и упорност, а многумина низ арапскиот свет се молеа за него и се надеваа на негово закрепнување.
Со текот на годините, неговото семејство споделуваше видеа и фотографии од принцот Ал Валид на апарати за одржување во живот. На едно, тој беше покриен со саудиско знаме со зборовите „Нашата татковина е во нашите срца“. (nezavisen.mk)