Почна Лондонската недела на модата

 Лондонската недела на модата беше отворена денеска, без присуство на новинари и без клиенти од цел свет. Првото дефиле му припадна на модниот бренд Барбери.

Поради сѐ уште постојната корона-пандемија, организаторите предвидуваат помал број ревии во живо. Настанот ќе трае до вторник.

Околу 80 дизајнери ќе ги претстават своите модни парчиња. Меѓу нив ќе биде и Бора Аксу, Турчин кој живее во Лондон, а е познат по својот „Марк Фаст“ луксузен дизајн, Натаму – Викторија Бекам, кинескиот бренд Пронаунс и други.

Шоуто без публика ќе биде пренесувано на платформата Твич.

Back to top button
Close